Блинд призна дека Холандија имала среќа со противниците на ЕП 2024
- Искусниот дефанзивец Дејли Блинд призна дека репрезентацијата на Холандија имала среќа досега на Европското првенство, и не го гледа четвртфиналниот противник Турција како лесен за надминување.
Волфсбург, 4 јули 2024 (МИА) - Искусниот дефанзивец Дејли Блинд призна дека репрезентацијата на Холандија имала среќа досега на Европското првенство, и не го гледа четвртфиналниот противник Турција како лесен за надминување.
Шампионот од 1988 година заврши на третото место во својата група и стигна до четвртфиналето по победата од 3:0 над Романија, која, како и турската селекција, не е фаворит.
Во другите четвртфинални пресметки играат Англија против Швајцарија, Германија против Шпанија и Франција против Португалија.
-После групната фаза имавме среќа во однос на противниците. Не треба да го повторувам тоа. Кога ќе ги видите противниците на другите земји, не треба да негираме“, изјави Блинд во базата на холандскиот тим во Волфсбург.
Триесет и четири-годишниот фудбалер додаде дека неговиот тим има голема почит кон турските фудбалери кои во осминафиналето ја совладаа Австрија со 2:1.
-Турците се многу страсни и силни. Имаат и добри фудбалери со солидни индивидуални квалитети. Пред нас е тежок натпревар, изјави Дејли Блинд. дс
Фото: Архива