• недела, 12 мај 2024

Благодарници и признанија за истакнати крводарители во Неготино

Благодарници и признанија за истакнати крводарители во Неготино
Неготино, 15 март 2023 (МИА) - Во пресрет на 17 Март - Денот на крводарителите, денеска во Неготино беа доделени благодарници и признанија за истакнати крводарители.
 
За 120 реализирани крводарувања, благодарници добија Анастасе Паунков и Драги Шалев, за 75 крводарувања Борче Трајанов, за 50 Александар Клинчаров. Беа доделени и благодарници за 25 дарувања на крв и за најмладите крводарители.
 
- Заедно со секретарот на општинската организација на Црвен крст Неготино, Тошко Настов, им се заблагодаруме на крводарителите коишто се истакнале во областа на крводарителството. На сите крводарители им благодарам за нивната хуманост, солидарност и љубов кон човекот, рече градоначалникот Горан Стојанов. 
 
Пред присутните се обрати и секретарот во Црвен крст Неготино, Тошко Настов, кој рече дека Општина Неготино се наоѓа меѓу 10 најдобри општини кои го надминале годишниот план за крводарување. Тој нагласи дека треба да се продолжи да се биде позитивен и препознатлив пример на град, што многу пати обезбедил голем број крвни единици во државата. 
 
- Со гордост споделуваме дека нашата општинска организација е една од 20 во државата што го исполнуваат годишниот план за крводарување. Општина Неготино се наоѓа меѓу 10 најдобри општини кои го надминале годишниот план од 624 крводарители на 745, или процентуално, планот е натфрлен за 119 отсто. Благодарение на крводарителските акции организирани од наша страна, а  благодарение на хуманиот гест на нашите граѓани кои несебично даруваат крв. Благодарение на изградената свест и хуманост на нашите сограѓани - крводарители, спасени се многу човечки животи, рече Настов.свд/фф/
 
Фото: Општина Неготино                 

Остани поврзан