• сабота, 06 јули 2024

Благодарница за општина Маврово и Ростуше од Културната асоцијација на Македонците од Равена, Република Италија

Благодарница за општина Маврово и Ростуше од Културната асоцијација на Македонците од Равена, Република Италија

Дебар, 6 јули 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше,  Медат Куртовски прими благодарница од Културната асоцијација на Македонците од Равена “Пријателство - Amicizia” за спонзорство на проект во делот на спорт и спортски активности “Турнир во мал фудбал во Лидо Адриано” во Равена, Република Италија. 

- Општина Маврово и Ростуше упатува честитки на организаторите и на сите волонтери кои беа дел од овој прекрасен спортски и културен настан. Ова беше убава можност реканскиот народ да се собере на едно место и да се дружи, забавува и спортува, информираа од општината.

Нашите сограѓани, додаваат,  преку оваа организација уште еднаш ја потврдија сложноста, солидарноста и културата на реканскиот народ и почитувањето на редот и законите во било која држава и да се наоѓаат. 

- Веруваме дека со ваквите спортски и културни настани се промовираат позитивните вредности на реканскиот народ и се потврдува дека сме пример за вреден, културен и домаќински народ, посочуваат од општината.

Од оваа општина, поточно од подрачјето на Долна Река во некоја од западно европските земји, живеат околу 15 илјади лица, најмногу од нив во Италија и во Германија. вт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан