Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да му пркоси на времето
- Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“.

Скопје, 27 мај 2023 (МИА) - Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“.
Посетата ја искористи и за средба со новиот претседател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака успешен мандат и реализација на нивната визија за Чаршијата, и порача дека ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка за потребите на занаетчиите и на Чаршијата.
-Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите чинители треба да се грижат и да ја негуваат за да му пркоси на времето, и оттука моја обврска но и ваша, е интензивно да работиме за понатамошно развивање на Старата скопска чаршија, рече Битиќи.
Претседателот на Еснаф, Дулови, се заблагодари за искажаниот интерес на вицепремиерот Битиќи да ги слушне нивните потреби и искажа надеж дека во Владата ќе најдат партнер со кој заеднички ќе придонесат за понатамошна ревитализација на чаршијата како историска и мултикултурна вредност.
Вицепремиерот Битиќи при посетата на Чаршијата разговараше и со неколку занаетчии за начините како да се афирмира нивната дејност, но беше запознаен и со ревитализацијата на некои улици кои до скоро беа запуштени, во кои неодамна се отворени угостителски објекти кои помагаат за враќање на сјајот кој го имаше Чаршијата во минатото.вј/aa/
Фото: Влада