• четврток, 18 април 2024

Билчик во извештајот за Србија го охрабрува дијалогот со Приштина и предлага санкции против Русија

Билчик во извештајот за Србија го охрабрува дијалогот со Приштина и предлага санкции против Русија

Брисел, 9 февруари 2023 (МИА) - Европската Унија го поздравува фактот дека членството во ЕУ е стратешка цел на Србија, но динамиката на патот кон ЕУ ќе биде одредена од нормализацијата на односите со Приштина и усогласувањето со европската надворешна политика, посочи денеска во својот извештај известувачот на ЕП Владимир Билчик.

Како што јави РТС, Билчик на членовите на Комитетот за надворешни работи на ЕП им го претставил нацрт-годишниот извештај за Србија.

Зборувајќи за извештајот, тој рече дека Србија има „голем ЕУ морков“ пред себе, велејќи дека „напредокот на земјата ќе зависи“ од реформите во Србија, „главно во областа на владеењето на правото“.

Тој го поздрави напредокот во судството, оценувајќи дека овие реформи мора да продолжат. Тој ги разбира пораките од Белград и Приштина како „охрабрувачки вести за дијалог“ меѓу двете страни, рече Билчик.

Очекуваме наскоро да видиме пробив, а тоа би било „одлична вест за патот на Србија кон ЕУ“, рече известувачот на ЕП.

Во контекст на усогласувањето на Белград со надворешната политика на Брисел, тој рече дека жали за нискиот степен на усогласеност, што подразбира отсуство на санкции против Русија, пренесе РТС.

- Усогласувањето на (Србија) со санкциите против Русија останува важно за напредокот, потенцира Билчик.

Во Брисел се одржува и самит на лидерите на земјите членки на ЕУ, а комесарот за надворешна политика Жозеп Борел пред средбата изјави дека за него е „прва работа“ да се извести за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска на таа средба. ссм/

Остани поврзан