„Биди суперхерој за животните“ - хуманитарна изложба во Зоолошката градина
- Во Зоолошката градина во Скопје утре ќе се одржи хуманитарна изложба под мотото „Биди суперхерој за животните“.
Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Во Зоолошката градина во Скопје утре ќе се одржи хуманитарна изложба под мотото „Биди суперхерој за животните“.
Како што најавуваат од Зоолошката градина, посетителите ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликале на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата.
- Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје. Ве покануваме заеднички да се дружиме на делот кај бината и игралиштето веднаш после влезот во Зоолошка градина Скопје, посочуваат во нивното соопштение. бт/бак/
Фото: Зоолошка градина на Град Скопје