• четврток, 18 декември 2025

Бербок ќе ја претстави кандидатурата за претседател на Генералното собрание на ОН

Бербок ќе ја претстави кандидатурата за претседател на Генералното собрание на ОН

Њујорк, 15 мај 2025 (МИА) - Поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок, планира денеска да даде изјава пред Генералното собрание на Обединетите нации, за прв пат откако беше објавена нејзината номинација за претседател на врховниот орган во Њујорк, пренесе ДПА.

Четириесет и четиригодишната Бербок за време на сесијата, која почнува денеска ќе ја претстави својата визија за работа. Таа ќе биде достапна да одговори на прашања од постојаните претставници на 193-те земји-членки.

Бербок нема протикандидат, забележува ДПА. Сепак, раководејќи со Генералното собрание и одредувањето на процедурите и точките од дневниот ред, поранешната министерка од Партијата на зелените може да влијае врз донесувањето одлуки.

Официјалното гласање за новата позиција на 2 јуни се смета за формалност. Инаугурацијата е закажана за 9 септември, кратко пред дебатите за општата политика на Генералното собрание на ОН, на кои ќе присуствуваат лидери од целиот свет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан