• четврток, 04 декември 2025

Бесплатни училишни ранци за првачињата од Крива Паланка

Бесплатни училишни ранци за првачињата од Крива Паланка

Крива Паланка, 27 август 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка и годинава обезбеди донација од општествено одговорна компанија, бесплатни училишни ранци за сите првачиња од општината.

Од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информираат дека и за претстојната учебна година, 2025/26 се обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за сите ученици од прво оделение од двете основни училишта во градот.

-Четврта година по ред обезбедивме ранци и училишен прибор за сите првачиња од нашиот град. Дополнително, Општина Крива Паланка преку мерки од годишната програма за поддршка на млади, обезбеди по 3000 денари за секое прваче и дополнителен училишен прибор за првачињата од социјално загрозените семејства. Нека им бидат лесни првите чекори во училиште, а деновите што следат исполнети со радост и безгрижно учење. Грижата за најмалите е наш приоритет, посочуваат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Службеникот за образование при општината, Јасмина Ангеловска, информира дека во претстојната учебна година во училишните клупи на основното општинско училиште "Илинден" и основно општинско училиште "Свети Јоаким Крчовски" ќе седнат вкупно 120 првачиња.ид/лв/


Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан