• петок, 22 ноември 2024

Беснеат борбите во Судан, ОН ја прекинаа помошта во храна

Беснеат борбите во Судан, ОН ја прекинаа помошта во храна

Њујорк, 21 декември 2023 (МИА) - Светската програма за храна на Обединетите нации привремено го суспендираше обезбедувањето помош во храна за одредени делови на суданската сојузна држава Гезира.

Помошта е прекината бидејќи конфликтите се шират јужно и источно од Картум, главниот град на Судан, соопшти денеска агенцијата.

Од петокот, кога почнаа интензивните судири во Гезира, оваа држава ја напуштиле околу 300.000 лица, соопшти Светската програма за храна.

-Светскиот проблем со храната привремено ја прекина испораката на помош во храна на одредени локации во Гезира, изјави директорот за Судан во организацијата за храна на ОН, Еди Роу.

Тој посочи дека тимови на Светската програма за храна работат деноноќно за да обезбедат помош во храна на локации каде што се уште е можно.

Неодамна ескалираа судирите меѓу вооружените сили на Судан и паравоените сили за брза поддршка, принудувајќи стотици илјади луѓе да побегнат и принудувајќи ги хуманитарните агенции да ја прекинат помошта, соопштија Обединетите нации.

Паравоените сили тврдат дека го освоиле Вад Медани, главниот град на Гезира, како и воената база во него. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан