• недела, 22 декември 2024

Беровскиот градоначалник Пекевски на Ифтар вечера во џамијата Мехмед Бег

Беровскиот градоначалник Пекевски на Ифтар вечера во џамијата Мехмед Бег

Берово, 24 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вечерва присуствуваше на заеднички ифтар во џамијата „Мехмет Бег" во Берово. Тој ја искористи приликата да им го честита празникот на присутните верници, посакувајќи им убави празнични денови, среќа и спокој во семејствата, порачувајќи долго да се негуваат вредностите, верската толеранција и взаемната почит помеѓу сите граѓани во Берово.

- Да се заблагодарам на поканата што денес сум овде. Користам прилика на сите граѓани од муслиманска вероисповест да им посакам лесни пости, да посакам на сите нека овој месец им носи радост, среќа во секој дом. Не би сакал да зборувам за соживотот бидејки знаеме дека со години заеднички одбележуваме настани кои му даваат карактер на заедничкиот соживот во Општината., рече Пекевски.

Изрази уверување дека разбирањето и почитта помеѓу различните верски заедници и понатаму ќе биде заштитен знак на беровчани.

- Сигурен сум дека овој соживот никогаш нема да биде доведен под знак прашалник. Верувам дека и во иднина на сите настани треба да си укажеме чест, да си пружиме рака еден кон друг, значи да си ги негуваме нашите традиции, бидејки треба да ја негуваме традицијата и на нашиот брат, додаде Пекевски.

Вообичаено како што додадоа од џамијата Мехмед Бег, пред Рамазан се организираат вечерни предавања, за што интересот од година во година е поголем. вс/ев/

Остани поврзан