Берово го празнува 11 Октомври - Ден на народното востание
- -На денешен ден, македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителна војна, на вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права и остави свој печат во историјата и времето, беше истакнато во пригодниот реферат по повод празникот.
Берово, 11 октомври 2024 (МИА) - Во чест на 11 Октомври, Ден на Востанието на македонскиот народ, делегации од општествениот и политичкиот живот од Општина Берово, положија цвеќе пред спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево во Берово. Пред присутните беше порочитан и реферат со историски осврт за значењето на значајниот датум за македонската историја.
-На денешен ден, македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителна војна, на вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права и остави свој печат во историјата и времето, беше истакнато во пригодниот реферат по повод празникот.
11 Октомври како што беше додадено е симболот на самосвеста на македонскиот народ, историски паметник за херојството, означување на слободата, во која денес ја градиме нашата држава. вс/нд/
Фото: МИА