• сабота, 21 декември 2024

Бербок на пат кон Блискиот Исток на повеќе разговори за кризата во Газа

Бербок на пат кон Блискиот Исток на повеќе разговори за кризата во Газа

Каиро, 25 март 2024 (МИА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска треба да пристигне во Египет на уште една рунда кризни разговори во услови на се покатастрофална хуманитарна ситуација во Газа, со планирани дополнителни посети на Израел и Западниот Брег.

Како што јави ДПА, Бербок во Каиро треба да се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри. Таа потоа треба да замине за Израел, што ќе биде нејзина шеста посета на земјата по терористичките напади на Хамас на 7 октомври, во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Во вечерните часови се очекува таа да го посети Западниот Брег и во Рамала да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Се очекува на средбата да присуствува и палестинскиот министер за надворешни Ријад Малки.

За утре е закажана средба меѓу Бербок и израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.

Шефицата на германската дипломатија вчера побара Израел и палестинската милитантна група Хамас да направат отстапки во тековните преговори во Катар во врска со војната во Газа и да се договорат за итен прекин на огнот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан