• четврток, 25 јули 2024

Бен Гвир го повика Нетанјаху „да нареди на ИДФ да продолжат со насилното уништување на Хамас“

Бен Гвир го повика Нетанјаху „да нареди на ИДФ да продолжат со насилното уништување на Хамас“

Тел Авив, 28 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир врши притисок Израел да се откаже од тековниот договор за примирје со Хамас, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека терористичката група со седиште во Газа го прекршила договорот пукајќи кон силите на ИДФ во Појасот Газа.

Во соопштение, Бен Гвир го повикува Нетанјаху да „нареди на ИДФ да продолжат со насилното уништување на Хамас“.

„Не можеме да чекаме да ги убијат нашите борци“, пишува Бен Гвир, член на безбедносниот кабинет.

Според ИДФ, Хамас ги таргетирал војниците стационирани во северниот дел на Појасот Газа со три експлозивни направи, што е првото очигледно големо прекршување на договорот за прекин на огнот кој трае веќе петти ден. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан