• недела, 05 мај 2024

Бензема би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Бензема би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Париз, 11 јануари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема може да се врати во Европа, пренесува „Sports Zone“.

Пари Сен-Жермен е заинтересиран за фудбалерот. Клубот може да го придобие Французинот во зимскиот преоден рок. Парижаните ја разгледуваат опцијата за изнајмување до крајот на актуелната сезона.

Договорот на Бензема со Ал-Итихад е со важност до 2026 година.

Трансфер вредноста на Бензема се проценува на 15 милиони евра. 

Во тековната сезона, Французинот одигра 20 натпревари, постигна 12 гола и беше творец на пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан