• петок, 22 ноември 2024

Бенедикт Камбербач се отрул со никотин при снимање филм

Бенедикт Камбербач се отрул со никотин при снимање филм
Лондон, 10 ноември 2021 (МИА) - Британскиот глумец Бенедикт Камбербач за магазинот „Есквајер“ (Esquire) изјави дека улогата на селанец  кој постојано пуши во филмот „Power оf the Dog“ му била исклучително тешка. - Три пати се отрув со никотин. Навистина е страшно кога треба толку многу да пушите пред камера!, нагласува актерот. Камбербач глуми сопственик на најголемиот ранч во американската сојузна држава Монтана. Како што раскажува глумецот, тој пушел нефилтрирани цигари и тоа го направил за целосно да влезе во ликот. - Сакав луѓето во собата „да ме помирисаат“. Сепак, беше тешко, рече тој. Камбербач откри со нетрпение и малку трема го очекува продолжението на „Доктор Стрејнџ“ во 2022 година, во коешто повторно ќе се појави во главната улога. - Се плашам бидејќи првиот филм постигна огромен успех, а доктор Стрејнџ стана многу сакан лик, изјави глумецот. Според истражување објавено во февруари, една сосем друга улога на Камбербач - Шерлок Холмс е најпопуларниот британски херој на сите времиња, меѓу гледачите на Би-би-си.  си/ссм/

Остани поврзан