• петок, 05 декември 2025

Белорусија сѐ повеќе се обидува да ги дестабилизира балтичките држави, вели Украинскиот центар за борба против дезинформации

Белорусија сѐ повеќе се обидува да ги дестабилизира балтичките држави, вели Украинскиот центар за борба против дезинформации

Киев, 4 ноември 2025 (МИА) - Белорусија сѐ повеќе се обидува да ги дестабилизира балтичките држави, особено во Литванија, каде што е регистриран најголем број нелегални гранични преминувања од белоруска територија во последните шест месеци, објави на Телеграм Украинскиот центар за борба против дезинформации.

„Белорусија ги засилува своите напори за дестабилизација на балтичките држави. Во октомври, Литванија регистрираше најголем број обиди за нелегални гранични преминувања од белоруска територија во последните шест месеци - 275. Речиси половина од нив се случија во последните пет дена од месецот“, се вели во соопштението на центарот, кој е дел од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Зголемувањето на бројот на обиди за премин беше пријавено веднаш откако Вилнус затвори неколку гранични премини како одговор на масовните полетувања на дронови што носеа шверцувани цигари од Белорусија. Литванската влада ги нарече овие случаи хибриден напад што комбинира економски, информативен и миграциски притисок.

Во текот на изминатите десет месеци, литванските граничари спречија повеќе од 41.000 нелегални преминувања, што е за 20 проценти повеќе од минатата година.

-Ова покажува дека Минск намерно ги користи мигрантите како алатка за притисок врз ЕУ, истакнуваат украинските медиуми. „Слична тактика користеше и белорускиот режим во 2021 година, кога организираше трансфер на мигранти од Блискиот Исток за да предизвика вештачка миграциска криза“.

Центарот за борба против дезинформации соопшти дека постапките на Белорусија целосно се совпаѓаат со интересите на Русија. Сегашното зголемување на белоруската активност е дел од координирана, повеќеслојна хибридна војна што Минск и Москва ја водат против Европа, соопшти украинската организација. мс/

фото: Белорусија

Остани поврзан