• понеделник, 20 мај 2024

Белингем прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата

Белингем прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата

Берлин, 29 мај 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Џуд Белингем е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во германското првенство, објави официјалниот сајт на лигата.

 

Деветнаесетгодишниот играч од средниот ред минатата сезона одигра 31 натпревар во Бундеслигата, постигнувајќи осум гола и пет асистенции.

 

Борусија ја заврши сезоната на второто место, испуштајќи ја титулата по ремито 2:2 против Мајнц во последното коло.

 

Неодамна беше објавено дека следната недела Англичанецот и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан