• среда, 15 мај 2024

Белингем: Не се откажавме по водството на Барселона

Белингем: Не се откажавме по водството на Барселона

Барселона, 29 октомври 2023 (МИА) – Херојот на Реал Мадрид во победата над Барселона вчеравечер со 2:1, Џуд Белингем, е задоволен од резултатот, но не во целост и од играта на неговиот тим.

Англичанецот ги постигна двата гола за Реал, победничкиот во судиското надополнување.

- Беше грандиозно! Ниту јас, ниту тимот се покажавме на нивно најдобро ниво. Но, ние продолживме да играме, покажавме карактер и покрај негативата по првото полувреме. Не е лесно со вакви натпревари. На овој натпревар, не играв на мое најдобро ниво. Но, понекогаш поентата не е да се прави нешто посебно секој пат кога ќе ја допрете топката. Важно е да се ​​придонесе за тимот, рече Белингем.

По 11 одиграни натпревари во Ла Лига, Реал Мадрид е во водство со 28 бода, исто колку што има и Џирона. Барселона е трета со 24 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан