• понеделник, 23 декември 2024

Белерин: Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци

Белерин: Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци

Барселона, 2 јануари 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Хектор Белерин изјави дека фудбалерите треба повеќе да се грижат за општеството и да плаќаат повисоки даноци.

- Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци. Потекнувам од семејство каде што требаше да работам од месец во месец за да се издржувам. Сè уште се соочувам со оваа ситуација насекаде. Секој сака да заработи повеќе пари за да се чувствува поудобно. Ова е во ред. Но, со високи примања, треба да гледате не само на вашата околина, туку и на општеството како целина. Фудбалерите се во многу привилегирана позиција. Мора да се потсетиме од каде дојдовме. Треба да бидеме првите што ќе помогнеме за стабилноста на нашето општество, смета Белерин.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер оваа сезона одигра пет натпревари за Барселона и нема постигнато гол.

Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на лето, кога може да стане слободен агент. зс/

Остани поврзан