• недела, 28 април 2024

Белгија го одбрани домашниот терен на мечот со македонските одбојкари

Белгија го одбрани домашниот терен на мечот со македонските одбојкари

Шарлроа, 10 јуни 2023 (МИА) - Белгија вечерва ја победи македонската одбојкарска репрезентација со 3:0, по сетови 27:25, 25:23 и 26:24.

 

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски во трите сегменти беа на чекор до освојување сет, но на крајот не успеаја ниту еднаш да се радуваат.

 

Ова беше натпревар од 4. коло во Златната европска лига по кое Македонците со пет бодови се на 3. место во Б-групата.

 

Украина е прва со максимални девет бода од три средби, Белгија е втора со шест бодови од четири натпревари. Последна е хрватската репрезентација со еден бод од три кола. зс/

Остани поврзан