• четврток, 02 мај 2024

Белгија активира механизам за размена на податоци во ЕУ против опасноста од обиди за надворешно мешање во европски избори

Белгија активира механизам за размена на податоци во ЕУ против опасноста од обиди за надворешно мешање во европски избори

Брисел, 24 април 2024 (МИА) - Белгиското претседателство со Советот на ЕУ објави дека го активира Заедничкиот механизам на ЕУ за одговор на политички кризи за споделување податоци за надворешно мешање на избори за европратеници во јуни.

Се очекува институциите на ЕУ и европските земји да ги следат и да пријават такви обиди. Ова се очекува да ја зголеми подготвеноста и да создаде можност за брз и координиран одговор на ЕУ, се додава во соопштението.

Правилата за механизмот предвидуваат дека тој ќе биде активиран од страна на Претседателството на Советот на ЕУ или на барање на поединечна земја. Механизмот во моментов се спроведува во однос на миграциската криза и војната во Украина. зш/

Остани поврзан