• понеделник, 23 декември 2024

„Бела ноќ“ утревечер во Скопје

„Бела ноќ“ утревечер во Скопје
Бум од уметнички настани, утревечер „Бела ноќ“ во Скопје. Скопјани ќе уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Скопје во чекор со европските метрополи, утревечер „Бела ноќ“, скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје. Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерско шоу, концерт на Мијата. Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic. Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ каде ќе презентира македонската електронска сцена, видео арт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката. Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум - ПајакАрт“, групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази. Програмата ја збогатуваат и културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон (менталист и психички забавувач од Нирнберг, Германија), Детски културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО Азбука“, во Национална галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, во Музеј на современа уметност ќе може да се види ретроспективната изложба на Симон Узуновски „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска „Ретро:телесни ретроспективи“, во Спомен-куќата на Мајка Тереза постојаната изложба и „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, Библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музеј на македонската борба ќе може да се види изложбата „Скопје со културните добра" на Ансамбал Македонија, а во Музеј на Република Северна Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка – „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940- 1949“ и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“. Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни ЈУ „Универзална сала“ бул. „Партизански одреди“ 45 www.univerzalna.com.mk | info@univerzalna.com.mk за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии. Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити радио и Лајф радио.   _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.  

Остани поврзан