• среда, 05 март 2025

Бела куќа: Арапскиот план за Газа не е во согласност со реалноста

Бела куќа: Арапскиот план за Газа не е во согласност со реалноста

Вашингтон, 5 март 2025 (МИА) - Белата куќа соопшти дека планот за обнова на Појасот Газа, усвоен вчера од арапските држави на самитот во Каиро, не одговара на актуелната состојба, според која „Газа во моментов не е погодна за живеење“.

Сличен став изрази и Израел, чиј министер за надворешни работи синоќа оцени дека резолуцијата на Арапската лига „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Белата куќа нагласи дека претседателот Доналд Трамп останува при ставот дека идната реконструкција на Појасот Газа мора да биде „ослободена од Хамас“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан