• четврток, 21 ноември 2024

Бектеши: Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има

Бектеши: Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во вечерашното гостување на телевизија „Алсат“ порача дека Владата ја следи ситуацијата. - Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира  во увозот на струја, рече Бектеши. Најави дека уште на првата владина седница, која треба да се одржи во вторник, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор. - Утре и во петок ќе имаме средба со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба. И јас како министер за економија на првата владина седница, која се предвидува да се одржи во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласиме оваа состојба, рече Бектеши. Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае утре или задутре кога, како што рече Бектеши, ќе се направат конечните анализи. - Ве уверувам дека Владата има средства за да интервенира и во зависност од потребите на енергетските компании, толку средства ќе се пренесат директно од буџетот, појасни Бектеши во вечерашното гостување на телевизија Алсат. бак/нд/    

Остани поврзан