• среда, 15 мај 2024

Бектеши на неформален состанок на Советот за енергетика на ЕУ во Прага

Бектеши на неформален состанок на Советот за енергетика на ЕУ во Прага
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе биде во посета на Прага каде што ќе присуствува на неформален состанок на Советот за енергетика на Европската унија, организиран од Чешкото претседателство со Советот на ЕУ. Како што информираат од Министерството за економија, на неформалниот министерски состанок, на кој покрај земјите членки на ЕУ, ќе присуствуваат и земјите од Западен Балкан, ќе се разгледува патоказот за понатамошни активности за справување со високите цени на енергијата, како и за обезбедување на природен гас по достапни цени за потрошувачите во Европа. Тема на разговор на состанокот ќе бидат и потенцијалните насоки за реформирање на пазарот на електрична енергија. фф/бак/

Остани поврзан