Без струја утре дел од општина Центар
- Електрична енергија ќе нема од девет до 14 часот.

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе биде без струја, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Според известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија од девет до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Шумадиска“. бд/дма/
Фото: МИА архива