Без струја утре делови од Сарај и Чучер Сандево
- Без струја утре ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Без струја утре ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Во период од 8:30 до 11 часот, без напојувањe со електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите во село Крушопек, општина Сарај.
Од РЦУК Скопје соопштуваат дека во период од 8:00 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Танушевци, село Брест, село Малино, „Кодра Фура“ , „Караула Танушевци“, дел од село Мирковци, село Побожје, село Бродец, село Кучевиште во општина Чучер Сандево. бд/дма/
Фото: МИА архива