• понеделник, 23 декември 2024

Без струја село Усје и повеќе улици во Ѓорче Петров

Без струја село Усје и повеќе улици во Ѓорче Петров

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа без струја денеска ќе бидат повеќе улици во Ѓорче Петров и село Усје во Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија во Ѓорче Петров од 9 до 14 часот ќе останат корисниците на дел од улица „Апостол Петков“, „Георги Казепов“ и „Борис Сарафов“ во близина на крстосницата со претходните две улици.

Прекинот на струја во село Усје, општина Кисела Вода ќе биде од 8:30 до 15 часот. ар/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан