• петок, 05 декември 2025

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Без струја изутринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје. 

Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково.

Корисниците лоцирани околу ул. „Австралиска“ бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров ќе имаат прекин на струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот. ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан