• четврток, 02 мај 2024

Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош

Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски - Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

-На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, стои во соопштението. нд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан