Градоначалникот на Охрид Пецаков се сретна со амбасадорката на Литванија Вилма Дамбраускиене
- Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ја прими амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Вилма Дамбраускиене, која престојува во работна посета на Охрид.
Oхрид, 23 јуни 2025 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ја прими амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Вилма Дамбраускиене, која престојува во работна посета на Охрид.
Пецаков појасни дека на средбата ја запознал гостинката со начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, со акцент врз туризмот како главна економска дејност во Охрид.
Како што објави Пецаков на неговиот фејсбук-статус, било истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио-линии кон бројни светски дестинации, а градот станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници.
Разговарано било и за развојот на автомобилската индустрија и компаниите од оваа дејности кои функционираат во Охрид и околината.
„Ги потврдивме добрите дипломатски односи меѓу двете земји, Македонија и Литванија, а годинава се навршуваат 30 години од воспоставувањето. На средбата се разговараше и за најзначајната музичко сценска манифестација кај нас „Охридско Лето“ и за овогодинешното организирање на Литванската вечер. Стана збор и за останати политички теми кои ја засегаат нашава држава“, информираше Пецаков. аб/сст/
фото/Општина Охрид