Без струја дел од Зелениково
- Без електрична енергија утре од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од село Зелениково, во Општина Зелениково
Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Без електрична енергија од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од село Зелениково, во Општина Зелениково.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа од ЕВН Македонија АД. аа/вг/
Фото: МИА архива