Без струја делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај
- Без струја денеска ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Центар и и Сарај.

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Без струја денеска ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Центар и и Сарај.
Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Блаце, како и караулата Блаце, Мобимак Блаце, Филип Инженеринг, граничен премин Блаце и терминал Блаце во општина Чучер Сандево.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар.
Без струја ќе бидат и корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане, во општина Сарај, во период од 09.00 до 15.30 часот. ир/мд/
Фото: МИА архива