Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
- Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај.
Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај.
Како што информира утринава Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, во периодот од 08:15 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селото Кондово пред Медреса во општина Сарај, а во периодот од 9 до 12 часот делот позади Стаклара и Каменик во Кисела Вода. бак/
Фото: МИА архива