Без вода утре улицата „Јани Лукровски“
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Јани Лукровски“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат нејзините корисници, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива