Без вода утре „Пиринска“ и дел од „Ленинова“
- Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот.
Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок во општина Центар, утре без вода за пиење ќе бидат улицата „Пиринска“ и дел од „Ленинова“, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности. бд/дма/
Фото: МИА архива