Без вода утре дел од улицата „Владимир Полежиновски“
- Прекин на водоснабдувањето утре од 9:00 часот ќе имаат корисниците од ул„Владимир Полежиновски 24“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.

Скопје 1 март 2022 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето утре од 9:00 часот ќе имаат корисниците од ул„Владимир Полежиновски 24“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.
-Поради дефект на приклучна цевка 6/4 на ул.„Владимир Полежиновски“ 24, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот, се наведува во соопштението. сх/дма/