• вторник, 30 април 2024

Без вода утре дел од Општина Карпош

Без вода утре дел од Општина Карпош

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - Без  вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Московска“, „Женевска“, „Хашка“, „Будимпештанска“, „Осло“, „Бањалучка“, „Јоаким Осоговски“, „Урош Ѓудовиќ“, „Душко Бојковски“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф -100 милиметри на улица „Будимпештанска“ бр. 22б.

Поради дефект на приклучна цевка на улица „Поп Богомил“ 4, утре без вода од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбата Трнодол, општина Карпош.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите. мд/мч/

Фото: МИА архива

Остани поврзан