Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на улица „Самоилова“ 117, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“.
ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. дма/
Фото: МИА архива