• четврток, 27 јуни 2024

Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар

Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 .

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. дма/лв/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан