Без вода улица „Борис Трајковски“, дел од Инџиково и хотел „Белви“
- Поради уличен дефект ф100 мм на ул.„Борис Трајковски“ 92 а (кај кружниот тек), денеска од 08:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Борис Трајковски“ крак 2, 4, 6, 8, 10 и 12, фабрика Цементара и Мото Центар.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект ф100 мм на ул.„Борис Трајковски“ 92 а (кај кружниот тек), денеска од 08:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Борис Трајковски“ крак 2, 4, 6, 8, 10 и 12, фабрика Цементара и Мото Центар.
Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје соопштија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Поради монтажа на Против Пожарен Хидрант (ППХ ф80 мм) кај хотел „Белви“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Инџиково и хотел „Белви“
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. дма/цр
Фото: МИА архива