Без вода улицата „Мара Междуречка“ во Бутел
- Поради уличен дефект од Ф-80 мм на ул.„Мара Междуречка“ 31а во населба Бутел, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Скопје, 22 октомври 2023 (МИА) - Поради уличен дефект од Ф-80 мм на ул.„Мара Междуречка“ 31а во населба Бутел, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 12:25 часот до санирање на дефектот. дма/
Фото: МИА архива