Без вода поради дефект крак 22 од ул. „Христо Татарчев“, општина Кисела Вода
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ 22/4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ 22/4, Општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје посочуваат дека наведената улица нема да биде проодна за сообраќај. цр/ац/
Фото: МИА архива