• петок, 12 јули 2024

Без вода повеќе улици во Кисела Вода

Без вода повеќе улици во Кисела Вода
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Повеќе улици во Кисела Вода денеска ќе бидат без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје. Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Марко Цепенков“ 11, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Марко Цепенков, „Вера Јоциќ“, „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Божидар Аџија“, „Боте Боцевски“, „Георги Димитров“ и „Тоне Томшиќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот. ар/ац/

Остани поврзан