Без вода неколку улици во Скопје
- Поради дефект на ул.„Питу Гули“ бб (до Полска амбасада), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и висока зона на улица „Ловќенска“.
![Без вода неколку улици во Скопје](https://mia.mk/images/20231012090004_big_730x400_75.webp )
Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Поради дефект на ул.„Питу Гули“ бб (до Полска амбасада), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и високата зона на улицата „Ловќенска“.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот. дма/бак/
Фото:МИА архива