Без вода корисници од улиците „Ацо Караманов“ и „Периша Савелиќ“
- Засегнатите ќе немаат вода сѐ до санирање на дефектот.
Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Ацо Караманов“ без број, кај вилите во населбата Водно, прекинато водоснабдување од 16.15 часот имаат корисниците на дел од оваа улица, како и од „Периша Савелиќ“, информираат попладнево од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. бд/са/
Фото: Архива