• недела, 09 март 2025

Без вода корисници од неколку улици во општина Карпош, се отстранува дефект на ул.„Гаврил Лесновски“

Без вода корисници од неколку улици во општина Карпош, се отстранува дефект на ул.„Гаврил Лесновски“

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Поради уличен дефект Ф 100 мм на ул. „Гаврил Лесновски“ бр.4 во општина Карпош, прекинато водоснабдување денеска од 11 часот ќе имаат корисниците од улиците „Гаврил Лесновски“, „Софиска“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Његошева“ и „Петар Драганов“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до  санирање на дефектот.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан