• петок, 05 декември 2025

Без вода дел од улиците „Македонско Косовска Бригада“ и „Стогово“

Без вода дел од улиците „Македонско Косовска Бригада“ и „Стогово“

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Поради улични дефекти на улиците „Македонско Косовска Бригада“ и „Стогово“ , прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на овие улици, информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

- На улицата „Македонско Косовска Бригада“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од краците од број 6 до број 20 - парни броеви. На улицата „Стогово“, без вода ќе бидат корисниците од број 2 до број 34, се наведува во соопштението на претпријатието.

Вода за пиење ќе немаат сѐ до завршување со санација на дефектите. бд/са/

Фото: Архива

Остани поврзан