Без вода дел од улицата „Христо Татарчев“
- Како што појаснуваат, станува збор за потегот од сервис „Мечкаров“ до „Гет кафе“.
Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Христо Татарчев“, без вода се корисниците на дел од истата улица, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснуваат, станува збор за потегот од сервис „Мечкаров“ до „Гет кафе“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива