• четврток, 04 декември 2025

Без вода дел од Припор и Ракотинци

Без вода дел од Припор и Ракотинци

Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:15 часот се дел од жителите од прва зона во населба Припор, општина Кисела Вода. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Христо Татарчев“, спроти подрачното Основно училиште „Круме Кепески“ во Припор. 

Без вода денеска од 9:30 часот се жителите од село Ракотинци, општина Сопиште. Прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „1“ без број во Ракотинци.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан